Офталмологија е медицинска специјализација која се занимава со анатомија, физиологија и заболувања на очите. Во ПЗУ Поликлника Медика Плус стручниот тим и најсовремената опрема ќе ви помогнат при сите рутински проверки или офталмолошки заболувања за навремено да добиете дијагноза, третман и одредување диоптрија. Останати услуги кои можете да ги добиете се:
- Офталмолошки преглед
- Преглед за глауком
- Мерење на очен притисок
- Дијагноза и совети за катаракта
- Преглед на очно дно
- Дијагностика и следење на страбизам
- Акутни интервенции при повреда и заболување на око
- Препишување на очила и контактни леќи