Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус можете да ги добиете следните услуги од областа на медицина на трудот.
- Систематски прегледи
- Лекарски уверенија
- Проценка на ризик на работно место
Систематски прегледи
Со лекарските прегледи можат навреме да се откријат болести уште во ран стадиум, што овозможува и нивно успешно лекување. Вашата доверба и препуштање на вашето здравје во рацете на нашиот стручен кадар е многу важно за нас. Превентивата и раната дијагностика се најважни за да го одржиме здравјето во одлична кондиција.
Систематскиот преглед не е само формалност. Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус добивате врвна превентивна медицина за оптимална проверка на вашата здравствена состојба. Со комплетни систематски и менаџерски прегледи можат навреме да се откријат и успешно да се лекуваат многу болести.
Систематските прегледи се задолжителни за вработени во сите дејности на јавниот и приватниот сектор. Работодавецот е должен на работникот да му овозможи лекарски преглед со кој се утврдува работоспособност според работната позиција. Прегледите се прават на секои 12 и 24 месеци.
Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус може да се направат сите законски предвидени прегледи како што се: претходни, периодични, насочени и систематски прегледи.
Лекарски уверенија
На едно место, брзо, најквалитетно и во ист ден можете да добиете лекарски уверенија за:
- Полагање на сите возачки категории (А,Б,Ц,Д,Е)
- Инструктори и такси возачи
- Продолжување на возачки дозволи за пензионери и продолжување на сите останати возачки категории (Ц,Д,Е)
- Управување со пловен објект
- Вработување
- Деловна способност
- Државјанство
- Вонредно студирање
- Посвојување на дете
- Виза, работа, студии и друг престој во странство
- Работа на брод
- Суд и други намени
- Обука и потврда за оспособеност за давање на прва помош на работно место