Општа медицина
ПЗУ Поликлиника Медика Плус има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗО) и работи со сини картони.
Матичниот лекар или специјалистот по семејна медицина во склоп на општата медицина се грижат за акутни и хронични болести, нудат превентивна здравствена заштита и здравствена едукација на пациентите.
Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус можете да го одберете вашиот матичен лекар кој комплетно ќе се грижи за вашето здравје. Преку примарната здравствена заштита вашиот матичен лекар ќе се грижи за вас и вашето семејство. Навремено ќе може да се откријат симптомите, да се постави дијагноза и да се спроведе соодветен третман.
Во склоп на општата ординација во ПЗУ Поликлиника Медика Плус можете да ги добиете следните третмани и услуги:
- Општ преглед, поставување дијагноза, препишување на соодветен третман;
- Следење и третман на хронични заболувања;
- Дијагноза и третман на акутни заболувања;
- Издавање на рецепти и упати;
- ЕКГ на срце;
- Мерење на крвен притисок;
- Мерење на шеќер во крвта (одредување на гликемиски индекс);
- Спирометрија;
- Апликација на ампуларна терапија;
- Издавање на лекарски уверенија за вработување, престој во странство, државјанство;
- Совети и здравствена едукација;
- Домашна посета
Домашна посета
За нас пациентот е секогаш на прво место. Затоа ПЗУ Поликлиника Медика Плус ви нуди можност во домашни услови да ги завршите сите потребни прегледи, ехо и ЕКГ на срце, земање на крв, општ преглед, мерење на крвен притисок и апликација на ампуларна терапија, па се до специјалистички прегледи како што е невропсихијатриски преглед и интернистички преглед и сето ова по максимално поволни цени.