КОНТАКТ ТЕЛЕФОН: 02-2466-420

За нас

ПЗУ Поликлиника Медика Плус е приватна здравствена установа основана во 2001 година со единствена цел – нудење на здравствена заштита по највисоки етички и професионални стандарди, услуга која е по желба и барање на корисниците. Големото искуство и воочените недостатоци во јавното здравство беа поттик, сите оние кои имаат потреба од соодветна медицинска грижа ја добијат брзо, едноставно и со највисок квалитет.

Денес, ПЗУ Поликлиника Медика Плус е име кое гарантира стручност, професионалност, квалитетна услуга по цена прифатлива за сите.

Мисија

Нашата мисија е комплетна грижа за вашето здравје преку нудење на високо квалитетна здравствена заштита по највисоки етички и професионални стандарди. За сѐ подобро здравје!

Визија

Во нашата визија пациентот е секогаш на прво место и почитта и грижата кон секоја индивидуа посебно е наша најважна карактеристика. Превентивата и раната дијагностика се дел од нашата визија, а едуцираниот и професионален тим преку холистички пристап водат комплетна грижа за вашето здравје преку нудење висо коквалитетни услуги и лекување преку најсовремени методи со најдобра опрема. Нашата визија е да имаме задоволни, здрави и среќни клиенти и да создадеме место каде ќе може комплетно да ги завршите сите работи на едно место и во исти ден.

Услови

ПЗУ Поликлиника Медика Плус се наоѓа кај нова железничка и автобуска станица, помеѓу зградата на Неоком и Скопјанка. Нашите простории ви нудат приватност и удобност, завршување на сите работи на едно место и работно време прилагодено на вашите потреби секој ден од 7:30 до 19:30 часот за општа служба и од 7:30 до 15:30 за специјалистички ординации. ПЗУ Поликлиника Медика Плус има вработено стручен и професионален кадар меѓу кои се лекари специјалисти и супспецијалисти, магистри и доктори на науки, лекари по општа медицина, медицински сестри, лаборанти, менаџерски и административен тим.

Опрема

Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус сите ординации се опремени со високо квалитетна најнова медицинска опрема за рана дијагностика и лекување. ПЗУ Поликлиника Медика Плус располага со следнава апаратура: